Случајот Шведска
http://justpaste.it/Sweden_Legalizes_Cannabis
“Не сакаме да ги направиме истите грешки како САД. Не сакаме да бидеме прохибиционисти затоа што војната против дрогите е одамна изгубена. Подобро би било да се спречи маргинализацијата на конзументите, отколку тие да се затвораат за користење на дрога која е практично безопасна. Ако дозволуваме продажба на алкохол, не постои причина да се забранува канабисот.”
Шведското законодавство најавува дека марихуаната од следната година ќе може да се набави од аптеките, без рецепт, се разбира доколку имате 18 години. Едно лице ќе може да поседува до 200 грама сушена марихуана. Домашното одгледување ќе биде дозволено во ограничени количини.
Шведската влада како и многу други европски влади, во овој случај е прагматична и рационална. Не поради марихуаната, туку поради самата спремност да укине догма која воглавном се базира на лаги и негативна пропаганда. Ваквата спремност ја гледаме кај се повеќе Европски земји. Ама за жал кај нас не. Нашата власт статутарно е конзервативна. Но, не е проблемот во конзервативноста. Многу европски конзервативни влади донеле либерализација на ова поле. Проблемот е во ирационалноста, инертноста и запоставувањето на слободите за сметка на морализаторските походи. Не е за очекување дека нешто прогресивно ќе се случи во полето на граѓанската слобода општо. Барем не со оваа гарнитура на политичари. На крајот на краиштата по количината на слободи ние сме некаде при европско дно, така што борбата за легализација на марихуаната е само мал дел од сето она што треба да го постигнеме за да ги стигнеме европските нивоа. Се разбира, ако воопшто сакаме да ги стигнеме. Ако не, кажувајте на време.







