Recent update
Рејтингот на марихуаната поголем од оној на премиерот!
јули 19th, 2010 by ganja
Последниве неколку дена се во знакот на црните хроники поврзани со ботаничарските екскурзии на нашето преродбеничко ни мевере. Речиси секоја втора црна хроника во весниците е за тоа како меверето влетало во нечија нива и запленило што? Стебла! Кои по увидот биле уништени, а сопствениците уапсени. Доминантен е сепак случајот на фармерот Душко Илиевски поради тоа што човекот е политички маркиран, не за друго.
Па така еден наш дневен весник пишува:
- Тој, неговиот брат Цане и татко му Томе полицијата ги товари дека на нивната нива во Битолско Поле неовластено одглeдувале 203 садници од растението канабис сатива од кое, со понатамошна обработ ка, се добиваат наркотични дроги марихуана и хашиш. -
Овој напис сведочи за дебилната неинформираност на новинарите. Особено последниот дел. На голем дел од граѓаните им е непознат фактот дека марихуана се всушност сушени женски цветови од индустриски коноп. Марихуаната нема никаква обработка, додека хашишот се добива со механичко пресување на цветните влакненца (трихоми) од сосев друг вид на коноп (Канабис Индика) кој расте во Азија. Другата дезинформација се однесува на самата класификација на марихуаната.
Марихуаната не е наркотик!
Наркотици се деривати од опиумот, како на пример: морфиум, хероин, лауданум, метадон и сл. Наркотиците предизвикуваат општа инхибиција и дезориентација, пад на работата на срцето, успорување на дишењето и долготраен сон. Марихуаната спротино од тоа предизвикува општа живост и еуфорија. Докажано и потврдено.
Весникот понатака пишува:
- Битолчани што имаат бавчи во Битолско Поле вчера, уплашени, коментираа дека ова растение го има насекаде низ полето. ” Го косиме, тоа само си расте. Може да порасне и по 2-3 метра во висина”, вели Васко Троковски.
И нормално дека ќе бидат уплашени. Секој од нив може еден ден да стане жртва на ботаничарската хајка на мевере, дури и ако конопот спонтано си пораснал како коров во некој запуштен дел од нечиј имот. Некои од земјоделците не ни знаат дека грмушките во ендекот на нивната нива се всушност страшната убиствена марихуана која може да ги одведе на неколку години робија. И точно. Колку и да го косат тоа ќе си расте!
Во денешнen напис:
-Во полиција во Свети Николе бил приведен и задржан Д.Ц. (21) кој бил фатен како наводнува 37 стебла марихуана.-
Од следново може да се заклучи дека наводнувањето на коноп е кривично дело. Незнам како стојат работите со уринирањето во коноп.
- СВР-Штип заедно со доказниот материјал и крвичната пријава со која се товари за производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсории е предаден на истражен судија во Основниот суд Штип.
Факт е дека конопот не создржи психотропни супстанци се додека не почне да цвета и да лачи смола. Доколку растенијата биле сеуште во вегетативна фаза и одгледувачот не бил фатен во обид за дистрибуција тогаш обвиненијата се апсурдни. Но, да не должам. Се надевам дека лицето Д.Ц ќе си најде добар адвокат кој ги познава фактите за марихуаната.
Се повеќе апсења и се повеќе бламажа. Се повеќе сеење страв. Меверето се повеќе почнува да наликува на комуњарска маркетингшка инсталација. Ги преплавува медиумите со своите херојски подвизи против конопот, додека во невидливата заднина тешкиот криминал цвета и ги полни партиските џебови. Ако сакам да го заебам комшијата ќе му фрлам две-три семки на некое место кадешто тој ретко заталкува. Ќе чекам да пораснат и потоа само ќе свртам 192. Брилијантно! Неограничени можности за намештаљки!
Но меверето не е ни свесно дека по ваквите бламажи рејтингот на марихуаната рипна многу повисоко отколку рејтингот на премиерот.
Ренесансата продолжува!
И уште еднаш до јуришниците на ветерници, како што велат битолските земјоделци:
- Колку и да го косат тоа ќе си расте!
Posted in Некатегоризирано, општество, политика, пороци | tagged hajka, kanabis, marihuana, svedmilk | | 5 коментари
5 Responses to ' Рејтингот на марихуаната поголем од оној на премиерот! '
Leave a reply
You must be logged in to post a comment.
категории
- љубов (2)
- вести (3)
- здравје (10)
- интернет (1)
- историја (1)
- култура (8)
- лично (1)
- локално (9)
- медиуми (6)
- наука (10)
- Некатегоризирано (16)
- образование (1)
- општество (23)
- пари (1)
- политика (3)
- пороци (12)
- сеир (1)
- семејство (1)
- сешто (14)
- хоби (1)
- хумор (1)

on јули 19th, 2010 at 8:30 pm
треба да се легализира. не се бориш против мвр а? и треба да се сади во битола, полог, матка, струмичко и дојранско, треба да се сади у мвр у двор. треба да се најде сигурен канал у косово или албанија и да се извезува. може у гевгелија да се направат коцкарско марихуански андерграунд пештерки со курви и револверашко заградени ловишта у кое ќе се ловат со пиксли сачмарки бивши функционери на мвр, заробени од новата власт? што викаш?
on јули 19th, 2010 at 8:36 pm
и коа ќе бегаат.. од грчка страна, пошо ќе се тераат кон граница, ќе лаат кучишта у меѓу простор нафурани настегани на мара, а овој пошо целиот ќе биде зачаден од полноќното криење у подрум со двотонски дим, кучињата ќе го осетат и ќе се смират.. и тогаш со гумени камшици ќе се тепа овој функционероф доека не се напуши и не се напучи да му го изрендаат газенцето два фатаморганиски кура, значи ќе бидат нафурани педери. ќе има оргија на граница и размена на човек со дваес кила мара?
on јули 19th, 2010 at 8:50 pm
A?
on декември 15th, 2011 at 6:04 pm
Дуле Ескобар за Премиер!
on декември 22nd, 2011 at 2:27 pm
@Effo
Јас колку што се сеќавам Душко беше прогласен за невин и ослободен. Ова што ти го правиш е класично лепење на етикети. Ама па не ни очекувам нешто повеќе.